„Јокиќ сè уште не е на нивото на Дивац и Раџа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Тони Кукоч вели дека Никола Јокиќ сè уште не го достигнал нивото на Владе Дивац и Дино Раџа.

Кукоч смета дека тие се подобри од српскиот кошаркар, иако така не покажуваат статистичките параметри.

„Јокиќ и покрај статистиката не е на ниво на Дивац и Раџа. Пред 30 години, Дивац ја изненади Америка со неговата контрола на топката, додека Раџа ја вадеше топката од едниот кош и леташе во другиот за да постигне поени“, кажа Кукоч.

Ѕвездата на Денвер оваа сезона во просек постигнува по 26,1 поен, 12,2 скокови и 8,9 асистенции по натпревар.