Јокиќ за рекордот: Ќе разговараме за тоа кога ќе ја завршам кариерата


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во НБА лигата. Српскиот кошаркар во ноќта помеѓу четврток и петок постигна уште еден рекорд, а на прес-конференцијата по завршувањето на натпреварот говореше и за него.

Јокиќ го надмина Меџик Џонсон според бројот на остварени трипл-даблови (139), но Јокиќ на тоа одговори точно во негов стил.

„Тоа е нешто за што ќе гледаме и за што ќе разговараме кога ќе ја завршам кариерата, сега не гледам на тоа. Секако е одлично постигнување и една многу убава работа“, кажа Јокиќ.

Денвер не изгледаше добро на теренот против Кливленд, а одредени проблеми се повторуваат од натпревар до натпревар:

„Треба да бидеме поорганизирани и да не ја губиме топката. Во нападот да играме нешто што не знаеме и во одбраната да не знаеме како да се браниме. Изгледавме како да не знаеме што да правиме, разговаравме за тоа. Треба да бидеме фокусирани на деталите“, посочи Србинот.