“Јовиќ се качи во авионот, отиде во Реал и едвај ја погодуваше топката”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч од средниот ред на Мадрид, Стив МекМанаман, го советува напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, да не ги напушта Милионерите барем уште неколку сезони.

Халанд пристигна во Дортмунд овој јануари од Ред Бул Салцбург и досега одигра неколку неверојатни натпревари.

Наскоро за неговите услуги ќе се распрашуваат скоро сите најголеми клубови во Европа, но МекМанаман смета дека Норвежанецот не треба да ја прави грешката направена од српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

Јовиќ беше хит во Бундеслигата минатата сезона како Халанд оваа сезона и веднаш реши да замине во Реал Мадрид. Сепак, на крајот се покажа како голем неуспех.

“Не можете да фатите авион во моментов и да одите во Реал. Вие видовте што се случи со Лука Јовиќ оваа сезона. Тој тешко ја погодува топката за Реал по волшебната сезона во Германија. На Халанд не му треба таков вид на притисок”, вели Мекманаман.

Тој додава дека Норвежанецот треба да остане во редовите на Милионерите уште неколку години.

“Многу е рано за Халанд да ја напушти Борусија. Тој се чини среќен и што е најважно – игра редовно и постигнува голови. Затоа, треба да остане уште неколку години. Тој ќе биде поискусен по 200 одиграни натпревари во Дортмунд и уште 30 во Лигата на шампионите.“