Јунајтед ја најде замената за Погба, и тоа во најскапиот Србин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед планира да се ослободи од Пол Погба следното лето затоа што не е задоволен од услугите на францускиот репрезентативец, а како замена се очекува да пристигне Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Премиерлигашот планира да го ангажира 25-годишниот Србин, кој игра фантастично во дресот на Лацио, но подготвен е да го промени клубот, иако тоа тешко ќе оди со оглед на газдата на Римјаните, кој бара многу пари за неговиот потпис.

Лацио минатото лето одби понуда од 90 милиони евра, но поради финансиската криза можеби конечно тимот од Рим ќе попушти и ќе прифати некоја „нормална“ понуда од Манчестер.