Јунајтед ќе го наполни џебот на Солскјер, доаѓа наследник со историски успех!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капката која ја прелеа чашата е убедливиот пораз од Вотфорд (1-4), па Манчестер јунајтед мораше да се раздели со тренерот Оле Гунар Солскјер.

Солскјер имаше долги преговори за тоа што ќе се случи со неговата иднина, а на крајот доби отказ, но и одлична отштета..

Норвежанецот ќе замине од Манчестер разочаран од успехот, но нема да има голема причина за тага затоа што ќе добие 7,5 милиони евра отштета.

Британските медиуми пишуваат дека веќе е избран негов наследник, а наводно изборот паднал на Зинедин Зидан, кој зад себе има импресивна биографија како тренер.

Зидан беше човекот кој создаде историски успех со Реал Мадрид и освои три титули по ред во Лигата на шампиони.

Јунајтед на средината на неделата игра важен меч во елитното натпреварување на гости кај Виљареал, а клубот ќе го предводи Мајкл Керик.