Јуве бара централен дефанзивец, четири имиња се на листата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Старата дама” на големо се спрема за новата сезона, па веќе на стартот од преодниот рок ги доведе Миралем Пјаниќ и Дани Алвеш, сега се очекува пристигнување на еден играч во одбраната.

Џорџо Киелни, Леонардо Бонучи и Андреа Бaрзаљи веројатно се најдоброто дефанзивно трио на планетата. Јувентус секогаш знаеше како со централните дефанзивци. Бедемот пред Буфон дели лекции на Европското првенство во Франција, но во Торино сметаат дека за трофејот во Лигата на шампионите овие тројца не се доволни.
Четири имиња се издвојуваат на листата.

Првиот е Мехди Бенатиа, незадоволен од статусот во Баерн, но свесен дека покрај споменатите тројца ниту во Јувентус местото во стартните 11 не му е загарантирано, но наводно кога е “Старата дама” во прашање тоа не му пречи.

Покрај Бенатиа тука се уште дефанзивецот на Бенфика, Жардел Нивалдо Виера, повеќе познат само како Жардел кој е баран и од Лацио, Шкодран Мустафи од Валенсија, но како германски репрезентативец тој е многу скап, сепак ефтина не е ниту третата опција, Лукас Ернадес од Атлетико кој не добива шанса покрај Годин и Хименез.