Јуве бара вистински момент: Де Лихт ќе мора да оди на операција!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус за трансферот на младиот холандски стопер Матијас де Лихт плати околу 85 милиони евра и се очекуваше од него веднаш да има големо влијание на играта.

Сепак, на Де Лихт ќе му биде потребно малку повеќе време за да се прилагоди во тимот. Италијанските медиуми пишуваат дека 20-годишниот фудбалер има проблеми со рамото и поради тоа мора да оди на операција.

Сезоната во Серија А уште не е завршена, а Јувентус и понатаму е во Лигата на шампиони, па клубот мора да реши кога е вистински момент за операција на Де Лихт.

Проблемот на младиот дефанзивец се појавил во ноември минатата година, кога во мечот со Аталанта го измести рамото.