Јуве пронајде играч за врска од комшилукот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Делува дека потрагата е завршена.

Јувентус од преминот на Погба во Манчестер Јунајтед е поврзуван со голем број на играчи од средината на теренот.

Прва желба беше Матиќ, па Матуиди, а неодамна се појави и Сеск Фабрегас, но малку е веројатно дека еден од споменатите тројца ќе ја напушти средината во која се наоѓа.

Фабрегас додуша не ужива преголема доверба на новиот тренер на Челси, но според последните наводи Јуве се откажа и од него и се сврти на играч со искуство од Серија А.

Сега медиумите во Италија наведуваат дека претставниците на Старата дама се договориле се со еден хрватски репрезентативец.

Имено, Марсело Брозовиќ доби услови од “соништата“ од Јувентус, и останува само клубовите да се договорат околу оштетата!

Брозовиќ доколку премине во редовите на Бјанконерите ќе заработува околу 4.5 милиони евра по сезона, што е речиси четири пати повеќе од што заработува во Интер.

Сепак, се претпоставува дека Нероаѕурите се тврди на пазарот и дека нема ни да сакаат да преговараат без 30 милиони евра на маса.