Јувентус го доведува наследникот на Нејмар за 20 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Габриел Барбоса, одличниот напаѓач на Сантос, е се поблиску до премин во Јувентус.

Јуве е заинтересиран за вундеркиндот, 19-годишниот Бразилец, веќе некое време и сега трансферот може и да се оствари. Иако Барбоса го сакаат и некои англиски тимови, Јуве е спремен да го доведе за 20 милиони евра.

„Габигол“ доби голема понуда од Старата дама, ќе заработува 3 милиони евра годишно, додека моментално во Сантос заработува 820 000 евра. Сантос сака да му го продолжи договорот со 2021 година, но јасно е дека желба на играчот е да направи чекор понатака во кариерата.