Јувентус го губи Икарди: Аргентинецот доби ептен сериозна понуда!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди речиси сигурно ќе го напушти Интер летово, зашто за него нема место на „Џузепе Меаца“, откако минатата сезона одби да настапува, а потоа лажирал повреда.

Икарди се поврзуваше често со трансфер во Јувентус, за кој наводно призна дека му е желба за продолжување на кариерата, но клубот од Торино не направи конкретен потег за да го ангажира.

Но, додека Јувентус ја разгледува опцијата, во битка за Икарди се вклучи Наполи, кој веќе го контактирал Интер.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис разговарал со Ванда Нара и Икарди, па му понудил на аргентинскиот напаѓач годишна плата од неверојатни десет милиони евра.