Јувентус го купи Влаховиќ во јануари, а за лето подготвува нова „бомба“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус полека размислува за засилувањата во летниот преоден рок, а на списокот со желби на тренерот Масимилијано Алегри се наоѓа Николо Заниоло од Рома.

Раководството на Јувентус во јануари го купи Душан Влаховиќ од Фиорентина и направи одличен потег, затоа што српскиот голгетер игра во фантастична форма.

Италијанските медиуми пишуваат дека Заниоло ќе биде второто големо засилување на Алегри, па така следната сезона Јувентус ќе се обиде да го врати трофејот.

Заниоло има договор до 2024 година со Рома, но ја одби можноста за нова соработка и решен е да го напушти клубот на лето.

„Газета дело Спорт“ откри дека Јувентус веќе го направил првиот чекор и го контактирал Заниоло, па му откриле какви услови ќе му понудат, но притоа ќе мора и да ѝ платат 35 милиони евра на Рома.