Јувентус го врати Алегри, ама ќе го загуби Роналдо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Кристијано Роналдо му остана уште една година од договорот со Јувентус, но очигледно предвреме ќе ја заврши својата авантура во Торино.

По тешката и турбулентна сезона, во која Јувентус избори пласман во Лига на шампиони, Роналдо оди на краток одмор, па на Европско првенство со Португалија.

Роналдо во Јувентус стигна во 2018 година, но 36-годишниот фудбалер не успеа да го освои пехарот во Лига на шампиони, а беше прекината и доминацијата на Јувентус.

Јувентус не може повеќе да му дава плата од 30 милиони евра годишно, а исто така Роналдо не е задоволен што во екпата се врати Масимилијано Алегри, па поради тоа сака да си замине од тимот.

Манчестер јунајтед и ПСЖ се екипи кои се борат за неговиот потпис, па останува да видиме кој ќе ја добие битката.