„Јувентус и Интер имаат најсилни тимови во Италија!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ ја продолжи голгетерската форма во Серија А, откако постигна гол против Верона (2-0), па така му помогна на Јувентус да се искачи на четвртото место на табелата.

Тренерот на Милан. Стефано Пиоли смета дека Јувентус изгледа многу посериозно отколку на почетокот на сезоната, зашто „Старата дама“ до крајот на октомври имаше четири порази и три ремија.

„Сите тимови во топ-5 се борат за трофеи, но и место во Лигата на шампиони. Според мене, Интер и Јувентус имаат најсилни состави во Серија А. Милан мора да докаже дека е зрела екипа, а победата во дербито со Интер ни даде ентузијазам“, кажа Пиоли.

Јувентус за услугите на Влаховиќ оваа зима плати неверојатни 75 милиони евра, а во тимот пристигна и Денис Закарија.