Јувентус ја одреди цената, дефанзивецот ќе стане најскап?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанците се многу јасни, нивното барање е да ги натераат Англичаните да се откажат.

Леонардо Бонучи одигра фантастичен натпревар на отворањето на ЕП, многу години е лидер на одбраната на Јувентус и неколку сезони е на мета на многу клубови.

Има 29 години, минатото лето Јувентус го одби Реал, а сега на вратата чукнаа Челси и Манчестер Јунајтед.

За Бонучи нема замена, па и цената која ја одредија е таква што клубовите ќе се откажат.

Италијанскиот шампион за Бонучи бара 55 милиони евра и така Италијанецот ќе стане втор најскап дефанзивец во историјата.