Јувентус ќе го избрка Алегри, а веќе најде и нов тренер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кориере ди Торино“ објави дека Јувентус е подготвен да му даде отказ на тренерот Масимилијано Алегри затоа што екипата најверојатно нема да избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Раководството на Јувентус не е задоволно од резултатите, иако најголем проблем е казната од фудбалската федерација на Италија поради која „Старата дама“ испадна од топ-4.

Како замена за Алегри се споменува поранешниот хрватски фудбалер Игор Тудор, кој настапуваше за калчолигашот дури девет сезони.

Јувентус сè уште е во игра за пласман во останатите европски купови, но во Серија А остануваат уште две кола, па останува да видиме што ќе се случи.