Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Јувентус е во преговори со Пол Погба за прекин на договорот, откако му беше намалена суспензијата на францускиот фудбалер.
Преговорите меѓу двете страни почнале по одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, а сакаат да се договорат пред Погба да се врати на теренот, а тоа е во јануари 2025 година кога може да почне со тренинзи.
Новинарот Николо Шира објави дека Погба би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија или во САД, а засега не се откриваат повеќе детали.
Погба во кариерата играше за Манчестер јунајтед и Јувентус, а вториот мандат кај „Старата дама“ го почна во 2022 година.