Јувентус ќе го замени Роналдо со отпишана ѕвезда на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус вечерва ќе се раздели со Кристијано Роналдо, кој ќе се врати во Манчестер јунајтед, иако имаше шпекулации дека Манчестер сити е заинтересиран за неговите услуги.

„Старата дама“ е свесна дека губи еден од најдобрите фудбалери кои ги има во екипата, па сега се бара замена за одличниот португалски репрезентативец.

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус го контактирал Реал Мадрид за да го добие Еден Азар на позајмица со можност за откуп.

Азар не се прослави во Мадрид откако пристигна од Челси, а доколку во Реал пристигне и Килијан Мбапе, тогаш сигурно Јувентус ќе може да го земе Азар.