Јувентус не заврши со засилувања: Двајца напаѓачи во Торино?

Екипата на Јувентус во наредната сезона повторно ќе биде прв фаворит за освојување на титулата шампион на Италија.

После тоа што своите редови ги засилија со Миралем Пјаниќ и Дани Алвеш, офанзивниот дел од тимот дојде на ред, а Старата дама планира навистина големи засилувања.

Се работи за напаѓачите на Арсен ал и Марсеј Алексис Санчез и Мичу Батшуаи, за кои Бјанконерите наводно спремиле понуда. Јуве остана без Алваро Мората, кој се врати во Реал.

Во раководството на Старата дама сметаат дека Батшуаи е иделна замена за него, а во Торино сакаат да ја доведат и чилеаската ѕвезда Алексис Санчез. Останува да се види дали италијанскиот шампион ќе успее да ги доведе овие фудбалери, а ако тоа се случи Јувентус и понатака ќе биде тешко запирлив.