Јувентус нема да го казни Роналдо, но за него имаат посебен услов


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и понатаму е главна тема во италијанската јавност после натпреварот помеѓу Јувентус и Милан.

Јуве на домашен терен успеа да ги порази Росонерите (1:0) со голот на Пауло Дибала, но во центарот на вниманието после се повторно беше Роналдо. Маурицио Сари од игра го извади уште во 55. минута и тоа предизвика гнев кај Португалецот.

Роналдо налутено помина покрај Сари и му дофрли нешто, а после тоа веднаш замина во соблекувалната. Но не застанал таму и го напуштил теренот неколку минути пред крајот на натпреварот и заминал дома.

Италијанските медиуми објавија дека поради таквото однесување на Роналдо тој можно е да биде казнет, но најверојатно тоа нема да се случи.

La Gazzeta Dello Sport пренесува дека управата на Старата Дама одлучиле дека нема да го казнат Роналдо.

Тие се свесни дека казната само уште толку би ја влошила состојбата, но тие за Роналдо имаат еден услов. Роналдо после репрезентативната пауза ќе мора да им се извини на своите соиграчи и на тренерот поради однесувањето во неделата.

Наводно, Недвед телефонски го исконтактирал Мендеш (менаџерот на Роналдо) и му ја објаснил одлуката на клубот. Откога ќе заврши со репрезентативните припреми, Роналдо во соблекувалната ќе мора да се извини за своето однесување.