Јувентус одигра неубедлив натпревар, но се пласираше во финалето од Копа Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска конечно се стави крај на чекањето и се врати фудбалот на Апенините по долгата, тримесечна пауза поради коронавирусот.

Тимот на Јувентус беше домаќин на Милан во реванш средбата од полуфиналето од Купот на Италија.

Иако почетокот ветуваше многу, не видовме којзнае каков фудбал, па на крајот мрежите на двете страни останаа недопрени.

Кристијано Роналдо не ја реализираше најголемата шанса на натпреварот кога ов 16. минута не погоди од белата точка, а Јувентус играше со играч повеќе речиси цел натпревар затоа што во 17. минута Анте Ребиќ доби директен црвен картон.

Поради голот постигнат во гости при ремито од 1:1 од првиот натпревар, Јувенту се пласира во финалето и ќе го чека подобриот од натпреварот меѓу Интер и Наполи кој се игра утре.

Инаку финалето е закажано за среда, непосредно пред рестартот на сезоната во Серија А.