Јувентус отпиша четири фудбалери, меѓу кои и легенда на тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус планира ова лето да направи реконструкција на екипата, па тренерот Масимилијано Алегри и спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе отпишаа четворица фудбалери.

На листата за отстрел се наоѓаат Леонардо Бонучи, Вистон Мекени, Артур Мело и Денис Закарија, кои повеќе нема да тренираат со екипата и ќе бараат нови клубови.

Главна вест е тоа што капитенот Леонардо Бонучи е отпишан од екипата, иако беше член на екипата од 2010 година, освен сезоната која ја помина во Милан.

Како следна дестинација на Бонучи се споменуваат Рома, Лацио, но и неколку тимови од Англија и Саудиска Арабија.