Јувентус повторно се жали: „Старата дама“ си го бара назад одземеното Скудето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус поднесе жалба за одземеното Скудето од сезоната 2005/06 до спортскиот суд во рамки на Олимпискиот комитет на Италјиа.

Медиумите од Апенините објавија дека Јувентус не може да се помири со тоа што му било одземено Скудетото поради наводно местење натпревари и таа му била доделена на Интер, па испратил нова жалба, иако неколку пати беа одбиени.

Таквиот потег на „Старата дама“ доаѓа на само четири дена пред големото дерби против Интер на „Џузепе Меаца“.

По шест кола во италијанскиот шампионат, Интер е лидер со шест победи и два бода повеќе од Јувентус на табелата.

Италијанските клубови претходно имаат обврски во Лигата на шампиони, а Јуве вечерва на домашен терен го пречекува Баер Леверкузен, додека Интер утре гостува кај Барселона.