Јувентус прави изненадувачки трансфер во јануари кој сигурно ќе ја разбранува Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јавноста во Италија излегоа информации дека капитенот на Рома, Алесандро Флоренци не е задоволен во клубот и ќе бара што побрзо да си замине од Рим.

„Калчомеркато“пишува дека Јувентус ќе се обиде да го искористи неговото незадоволство и да го привлече во своите редови уште во јануарскиот преоден рок.

28 годишниот десен бек кој еднакво добро може да игра и на крилната позиција има вкупно 271 настап во дресот на „волчицата“ но оваа сезона не е во прв план кај Пауло Фонсека.

Флоренци има настапено само на 8 натпревари годинава, а последен пат кога Флоренци одигра цел натпревар беше во септември кога Рома претрпе пораз од Атланата.