Јувентус се засилува од Тотенхем!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Старата дама во потрага по уште еден искусен дефанзивец.

Јувентус вчера официјално ја продолжи соработката со Ругани, 24 годишниот штопер, но Старата дама очигледно сака дополнително засилување во задната линија.

Сега се појавија шпекулации дека Јувентус е заинтересиран за искусниот штопер од Тотенхем, Тоби Алдервеирелд.

Тоби Алдервеирелд овој месец наполни 30 години, а Тотенхем ја активираше опцијата за продолжување на договорот до наредното лето во 2020 година.

Според пишувањето на британскиот медиум The Sun, активирањето на веќе споменатата опција значи дека искусниот Белгиец има откупна клаузула од износ од 25 милиони фунти.

И италијанските медиуми пишуваат за интересот на Јувентус за Алдервеирелд, а наводно Старата Дама е опуштена поради фактот дека Манчестер Јунајтед „излади“ кога е во прашање потенцијалниот трансфер на 30 годишниот Белгиец.

Јувентус од секогаш сака искусни играчи на местото на задната линија, а Алдервеирелд наводно е штопер според мерките на Бјанконерите.

Легендарната штоперска двојка Киелини-Бонучи е и понатаму на располагање на Алегри, помлада опција е Ругани, а Јувентус моментално го има и Касерес. Останува да погледнеме дали задната линија ќе биде засилена од Тотенхем.

И покрај тоа што Тоби Алдервеирелд минатата сезона се измачуваше со повреда, тој оваа сезона е стандарден во првиот состав на Тотенхем. Само еднаш оваа сезона не се најде во стартните 11 фудбалери на Тотенхем во Премиер Лигата.