Јувентус заинтересиран за англиски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите медиуми во Италија, „Скај Италија“ пренесува дека Јувентус е заинтересиран за фудбалерот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Кјеран Трипие.

Повеќе од јасно е дека Маурисио Сари ќе седне на клупата на Јувентус, а меѓу првите чекори кои ќе ги преземе е да го продаде Жоао Кансело и во своите редови да го донесе десниот бек од Тотенхем.

28 годишниот Трипие беше клучен фактор на Тотенхем во пласманот во финалето од Лигата на шампионите оваа сезона.

Освен Жоао Кансело, следен играч на кој ќе му биде покажана вратата од Јуве по доаѓањето на Сари ќе биде Марио Манџукиќ.