Како Анчелоти го препороди Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид минатата сезона делуваше мирно, но сега ги разбуди Карло Анчелоти, па така „кралскиот клуб“ освои 16 од 18 можни бодови, а го победи и Интер во Лигата на шампиони.

Реал во среда ја растури Мајорка со 6-1, а тоа беше најдобар настап на „кралевите“ сезонава. Анчелоти пред мечот против Виљареал откри мали тајни на успехот на неговата екипа.

„Најголемиот напредок на модерниот фудбал се оствари на физички план. Нивото на интезитет е огромно. Досега најмногу работевме во напад, зашто таа екипа имаше проблем минатата сезона. Успеавме да се поправиме. Што се однесува до дефанзивата, нашата игра зависи од пресингот. Алаба е одличен. Би сакале да може да играме високо, на центарот, но тоа секогаш не е возможно“, вели Анчелоти.