Како да е од друга планета: Јокиќ со блокада со звук на сирената го израдува Денвер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер нагетс славеа против Торонто репторс со 110-109 во меч во која Никола Јокиќ третпат сезонава имаше блокада во последна секунда.

Српскиот кошаркар за малку ќе станеше трагичар, иако во последните секунди одигра одлично на двата краја на теренот.

Сепак, на 20 секунди до крајот, при резултат 110-109 за Денвер, Јокиќ промаши две слободни фрлања и Торонто имаше шанса да победи.

Топката замина во рацете на Ванвлит и плејмејкерот на Репторс не успеа да погоди, но Ануноби му даде нова шанса на тимот од Канада.

Ануноби се обиде да постигне два поени, меѓутоа Јокиќ беше на вистинско место и со одлична блокада го израдува Денвер.