Како Карлос пред 20 години го „спушти на земја“ Рој Хоџсон


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Доста критики на сметка на Рој Хоџсон, сега веќе поранешен селектор на репрезентацијата на Англија.

Англија не успеа да се пласира во четвртфиналето на ЕП, подобар од нив беше Исланд во осмина финалето.

Нормално, сите стаповите и камењата ги упатија на Рој Хоџсон, на никого не му се допаѓаа неговите тактички одлуки.
За тоа каков тренер е зборуваше и Роберто Карлос, човекот кој соработуваше со Хоџсон во Интер.

„Хоџсон ми рече дека никогаш нема да успеам како лев бек. Јас тогаш му реков дека тој не го разбира фудбалот“, рече Роберто Карлос.

Подоцна Роберто Карлос освои со Реал Мадрид 13 трофеи од кои три Лигата на шампионите, додека со Бразил успеа да ја освои Копа Америка два пати, едно Светско првенство и еден Куп на Конфедерациите.

Во конкуренција за Златна топка беше на второто место во 2002 година, два пати беше најдобар дефанзивец на светот во изборот на УЕФА, два пати е биран и во најдобриот тим во изборот на УЕФА.