„Како ќе го задржиме ако понуди од Реал и Барса дојдат?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Димитри Паје често се споменува во контекст од заминување од екипата на Вест Хем.

Паје воодушеви во минатата сезона настапувајќи за Чеканите, па големи клубови покажаа сериозен интерес за негово доведување.

Косопственикот на клубот Дејвид Голд призна дека во екипата тешко ќе остане Паје, ако стигнат понуди од Реал Мадрид и Барселона.

„Ќе се бориме со сите сили за Димитри и понатака да го носи дресот на нашиот клуб. Сакаме дополнително да го засилиме тимот. Паје е важен дел од екипата. Сепак, мораме да бидеме реални. Ако Реал и Барселона испратат понуди, тешко ќе го задржиме. Меѓутоа, повик сеуште не добивме“, рече Голд.

Паје моментално се наоѓа со репрезентацијата на ЕП, а со оглед на тоа дека одигра одличен турнир, не треба да чуди ако дојде голема понуда за овој фудбалер.