Како ќе се вика новиот стадион на Интер и Милан?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стадионот Џузепе Меаца, односно Сан Сиро најверојатно ќе биде срушен.

Фудбалските тимови Интер и Милан ќе го изненадат градот и ќе му претстават нов проект, двата тима заедно ќе започнат со конструкција на нов стадион кој би требало да има капацитет од околу 60.000 седишта. Ако се оди по план, новиот стадион би требало да ги отвори вратите за време на сезоната 2023/24 година.

Стадионот ќе се наоѓа на местото каде што сега е паркингот на стадионот Сан Сиро.
Како ќе се вика новиот стадион?

Она што е сигурно е дека нема да има натпревари на сегашниот стадион, а најверојатно ќе се користи и ново име.

Меаца, односно Сан Сиро заминува во историјата, а новото име најверојатно ќе биде по спонзорот, како што направија и многу голем број клубови ширум Европа.