„Како не му е срам? Солзите на Сон по повредата на Гомеш беа – лага!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сон Хеунг-Мин тешко и емотивно реагираше по стартот над Андре Гомеш за време на мечот меѓу Евертон и Тотенхен.

Сон од зад грб стартуваше на Гомеш, кој потоа се удри во Орие, по што доживеа страшна скршеница на ногата.

Откако Кореецот тргна да плаче, не можеше да ги запре солзите, но поранешниот фудбалер на Ливерпул, Стен Колимор шокираше многумина со изјавата дека Сон намерно реагирал така.

„Не велам дека не треба да се покаже вознемиреност или нормални човечки емоции. Сон направи ситуација како судијата и навивачите да тргнат на него, иако беше очигледно дека ненамерно го повреди Гомеш. Веќе некое време ми пречи тоа што фудбалерите покажуваат многу емоции поради страв. Фудбалерите намерно глумат во такви ситуации за да влијаат на јавното мислење и тоа мора да престане“, порача Колимор.