„Како Рахмани не можеше да дојде, а Пандев се врати во Македонија?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Косово, Бернард Шаландес на пресот пред мечот против Македонија се пожали за тоа што остана без услугите на неговиот капитен Рахмани, кој не доби шанса да дојде во Скопје, додека македонскиот капитен Горан Пандев се врати за историскиот меч.

Рахмани се заглави во Неапол поради големиот број заразени од ковид-19, а кажа дека се обиделе да го донесат, но не успеале во нивната намера.

„Не можам да го разберам ова што се случуваше. Ние на секаков начин се обидовме да го доведеме Амир, но не ни дозволија. Коминициравме со УЕФА, Италија, Наполи…Но тој не дојде. Сега сакам објасниување како нашиот капитен не можеше да дојде, а капитенот на Македонија успеа да дојде иако во неговиот клуб имаше уште поголем проблем со заразени од коронавирус“, кажа Шаландес.