Каков би бил овој додаток на Меси, Суарез и Нејмар, Барса ја плаќа клаузулата за Белгиецот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот фудбалер на Атлетико може да се пресели во Каталонија и изгледа дека Симеоне нема ништо да се праша!

Како што тврди шпанското радио Кадена Сер Барселона може да го шокира Атлетико.

Според некои информации Белгиецот Караско има клаузула од 40 милиони евра во договорот и практично, ако некој ја понуди таа сума, Јорганџиите нема ништо да се прашаат.

Момчето кое доби шанса во минатата сезона постигна гол во финалето на ЛШ, играше за Белгија на ЕП и сигурно привлече внимание на најголемите клубови.

Ако е точно дека е клаузулата од 40 милиони, Барса може во август да договори трансфер со Караско, да исплати на Атлетико и да доведе засилување.

Тој би бил четврт играч во офанзивата, ќе овозможи на Луис Енрике да проба уште неколку тактични замисли, а сигурно би бил аквизација за иднината.

Според порано пишуваното во каталонските медиуми, после доведувањето на Умтити и враќањето на Денис Суарез од позајмица од Виљареал, во фондот за трансфери останаа уште 40 милиони и комплетната сума може да биде потрошена на Караско.

Да потсетиме, овој фудбалер стигна во Атлетико од Монако во минатото лето, сумата беше 20 милиони евра, па помалку веројатно звучи дека клаузулата е само 40.

Дали во Атлетико не се обезбедија, или не доволно не веруваа во него, за само оваа сума, со оглед дека има само 22 години, ни Барселона, но ни англиските клубови не би имале проблем да го платат.