Каков човек: Хабиб го победи Гејџи со – скршено стапало! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борецот од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов ја запиша неговата 29 победа во кариерата и ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, а негова „жртва“ денеска беше Џастин Гејџи.

Гејџи успеа да издржи две рунди, при што испрати неколку добри удари кон телото и главата на Нурмагомедов, но Хабиб не се откажуваше и беше предводен од желбата да победи поради неговиот татко, кој почина неодамна.

Хабиб го фати Гејџи во тесно на крајот од првата рунда, но некако неговиот противник успеа да се спаси од загушување, но сепак во втората рунда немаше спас за него.

По борбата, првиот човек на УФЦ, Дена Вајт кажа дека Хабиб пред само три недели имал скршено стапало.