Каков малер: Дурант повторно се повреди – за него финалето е завршено! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долгоочекуваното враќање на Кевин Дурант во финалето на НБА-лигата траеше многу кратко бидејќи двократниот МВП во првиот меч по еден месец пауза ја повреди десната нога.

Дурант се повреди на почетокот на втората четвртина при еден дриблинг кога згазна многу лошо. Веднаш ја испушти топката и се тргна од паркетот, кадешто падна и се фати за десната нога.

Засега се шпекулира дека станува збор за повредата на Ахиловата пета. Ако прегледот го потврди тоа, тогаш Дурант би можел да ја пропушти и цела следна сезона.

Дурант доби дозвола од медицинскиот тим да заигра во петтиот меч и тренираше со екипата во неделата.