Каков меч: Ривер славеше во натпревар во кој им бранеше фудбалер за врска! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот гигант Ривер плејт направи вистинско чудо и ја совлада Санта Фе од Колумбија со 2-1 во петтото коло од Копа Либертадорес.

Овој резултат немаше да биде чуден доколку ситуацијата во Ривер беше нормална и во натпреварот не влегоа без речиси цел тим.

Само 11 фудбалери можеше да искористи Марсело Галјардо, а меѓу нив не беше ниту еден голман, па таа улога мораше да ја преземе Енцо Перез.

Меѓутоа, тоа не му пречеше на Ривер да слави со 2-1 и така да дојде на чекор од пласман во нокаут-фазата на натпреварувањето.