Каков Меси? Брајтвајт е главна ѕвезда во Барселона!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Навивачите на Барселона очигледно никогаш нема да можат да го преболат заминувањето на Лионел Меси и многумина се загрижени кој ќе го наследи во екипата на Роналд Куман.

Меси цела кариера ја мина во Барселона и сакаше да го продолжи својот договор и да остане, но поради финансиските проблеми кои ги има тимот не можеше да се случи тоа.

Навивачите на Барселона ги погоди заминувањето на Меси, па во мечот против Реал Сосиедад му покажаа колку им значи.

Меѓутоа, главна ѕвезда на вечерта беше данскиот напаѓач Мартин Брајтвајт, кој пред почетокот на сезоната сите го отпишуваа.

Брајтвајт се наоѓа на трансфер-листата и клубот се обидува да го продаде, но тој го покажа својот квалитет против Сосиедад и постигна два гола.