Каков потоп на „Енфилд“: Ливерпул со седум гола го наполни Манчестер јунајтед (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед го доживеа еден од најтешките порази во историјата, откако загуби со 0-7 од Ливерпул во Премиерлигата.

Мохамед Салах, Дарвин Нуњез и Коди Гакпо постигнаа по два гола во мрежата на „ѓаволите“ додека уште еден погодок постигна Роберто Фирмино.

Ливерпул се врати во трката за топ-4 и место во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона, по лошиот старт на годината.

Исто така, ова е најголемата победа на Ливрпул против Јунајтед, откако го надмина рекордот од 7-1 од 12 октомври 1895 година.