Какви легенди: Цигари, тренерка, банка – Маурицио Сари! 📸

Лацио на неверојатен начин го претстави тренерот Маурицио Сари, кој треба да потпише двегодишна соработка со клубот од Рим.

Тимот од „Олимпико“ на одличен начин соопшти дека Сари е нов тренер на тимот. Тие на социјалните мрежи објавија фотографии од цигара, банка и тренерки, а тоа асоцира на никој друг, туку Сари.

Сари е познат дека има проблеми со цигарите, а на натпреварите секогаш носи тренерки, додека во минатото работеше како банкар, па Лацио на интересен начин реши да го претстави пред јавноста.