Какво деби за Тухел: Баерн му покажа на Дортмунд кој е главен во Германија (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен триумфираа со 4-2 во дербито против Борусија Дортмунд и така направија чекор кон титулата во Бундеслигата.

Тренерот Томас Тухел имаше старт од соништата на кормилото на Баерн, а дуелот беше решен уште во првите 20 минути, кога Кобел си постигна автогол, а потоа Милер стрелаше двапати за водство од 3-0 на баварскиот гигант.

Коман на второто полувреме погоди за 4-0, по што „милионерите“ во продолжение стрелаа двапати за да ја намалат негативата на 2-4.

Баерн е прв со 55 бодови, односно два повеќе од Дортмунд на осум кола пред крајот на сезоната.