Калафиори даде „зелено светло“ за преселба во Лондон


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Арсенал планира ова лето да ангажира неколку засилувања, а едно од нив треба да биде во одбраната и станува збор за талентираниот италијански дефанзивец Рикардо Калаифори.

Дефанзивецот на Болоња блесна со настапите во Серија А, но и на Европското првенство и затоа привлече голем интерес од Арсенал и Челси, но „топчиите“ се во пол-позиција.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Калафиори дал „зелено светло“ за преселба во Арсенал, иако и Челси работи на трансферот и во следните денови треба сè да биде познато.