Камерата сними сѐ: Тухел луто му дофрлаше на Вернер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси славеше на домашен терен против Евертон со 2-0, а така Томас Тухел стигна до нов триумф со екипата на „сините“ и ја продолжи одличната серија откако неодамна стигна на клупата на местото на Франк Лампард.

Германскиот стратег донесе промени на „Стемфорд бриџ“, па веднаш донесе позитивни резултати за тимот.

Камерата вчера го сними моментот кога Тухел луто му дофрли на напаѓачот Тимо Вернер, зашто не ги исполни неговите барања.

„Тимо, колку долго ќе бидеш на левата страна? Ти играш десно, а играш на левата страна веќе 15 минути. Како не го разбираш тоа што ти го кажав?“, викаше Тухел.