Камерите го следат секој чекор: Ибра и Лукаку вчера имале близок контакт! 🎥


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку очекувано беа најинтересни на камерите во текот на дербито меѓу Милан и Интер (0-3).

На почетокот на натпреварот тие се игнорираа. Во финишот на првото полувреме камерата беше насочена кон нив двајца.

Тие двајца се најдоа еден покрај друг и се однесуваа како да не се гледаат, односно беа фокусирани на играта.

Немаше никаков поздрав на крајот на натпреварот затоа што Ибрахимовиќ беше заменет на средината на вториот дел.