Капитените на Реал Мадрид преговараа со Перез за бонусот од Суперкупот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп каде што ќе се бори против Барселона за титулата.

Капитените на „кралскиот клуб“ имале состанок со претседателот на клубот, Флорентино Перез и преговарале за бонусот кој треба да им припадне.

Клубовите сакаат дополнително да ги мотивираат фудбалерите пред финалињата, па така Перез им ветил по 150.000 евра на секој фудбалер доколку го освојат трофејот.

Реал Мадрид со самото доаѓање во Саудиска Арабија доби 40 милиони евра, а засега не е познато колку пари вкупно ќе добијат на крајот на Суперкупот.

„Ел Класико“ се игра в недела од 20 часот.