Капитенот на Аталанта: Бергамо е празен, се чувствувам како да сум во хорор филм!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Аталанта, Папу Гомез зборуваше за ситуацијата со падемијата на коронавирусот во светот, како и во Италија, која е целосно парализирана поради големиот број на разболени луѓе.

Италија од почетокот на неделата е во кризна ситуација, со цел да се спречи нова појава на заразени, па само дел од супермаркетите и аптеките се отворени, а Гомез вели дека се чувствува како да е во хорор филм.

„Нема никој на улица. Навивачите мора да ги почитуваат правилата. Единствено нешто што е отворено се супермаркетите, но може да порачате и од интернет, па ќе ви биде доставено до дома. Ова е како во хорор филм. Постојано добиваме вести, треба луѓето да ги почитуваат препораките. Во Бергамо има 400 случаи, па се надеваме дека сите ќе оздрават“, порача Гомез.