Капитенот на Реал Мадрид го кани Пол Погба во тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос истакна дека вратата за Пол Погба за трансфер на „Сантијаго Бернабе“ секогаш е отворена.

„Кралскиот клуб“ долго време се поврзуваше со ангажман на францускиот репрезентативец, но на крајот не успеа да го обезбеди неговиот потпис.

„Мислам дека Реал Мадрид секогаш ги отвора вратите за добрите играчи. За мене, Погба е еден од најдобрите фудбалери. Тој е поинаков и ја покажа неговата вредност во Јувентус и Манчестер Јунајтед. Мислам дека носи баланс во тимот, тој има одлични офанзивни карактеристики и е неверојатен физички. Дефинитивно вратите за него кај нас се отворени“ –порача Серхио Рамос.