Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Денеска се појави информација дека Игор Карачиќ наскоро би можел да се врати во Вардар, каде што со гордост го носеше дресот на „црвено-црните“ и успеа да ја освои Лигата на шампиони.
Карачиќ не крие дека Скопје му е во срцето, а денеска ги воодушеви поддржувачите на актуелниот европски шампион со фотографија на социјалните мрежи од заеднички тренинг со Тимур Дибиров.