Карагер со искрен коментар: Мане со месеци е фрустриран во Ливерпул поради…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер истакна дека Садио Мане веќе со месеци е фрустриран во клубот поради односот на Мохамед Салах.

Мане го привлече вниманието кога бурно реагираше кога Салах не сакаше да му ја додаде топката на средбата против Барнли.

Сега со коментар се јави и Џејми Карагер кој долго време работи како стручен коментатор за англиската Премиер лига.

„Нема шанси Мане да ја изгуби главата само поради фактот дека не добил неколку топки на средбата со Барнли. Неговата фрустрација се собирала со месеци и некогаш мораше да експлодира. Иронично, чувствувам дека Мане е многу несебичен, тоа се виде и против Наполи. Се обидуваше да му додаде на Салах, дури и кога акцијата требаше да ја заврши сам“ –истакна Карагер.