Караница во Јувентус поради Пирло: Три кандидати за нов тренер, но фаворит е Балканец?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус не игра како што се очекува од него сезонава, па навивачите се надеваат дека таа ќе заврши што е можно побрзо.

„Старата дама“ ја прекина доминацијата по девет титули по ред во Серија А, но тоа не е најголемиот проблем, зашто клубот рано испадна и од Лигата на шампиони (ЛШ), а сега се поставува прашањето дали ќе обезбеди пласман во натпреварувањето.

Многумина го обвинуваат неискусниот Андреа Пирло, како и лошата трансфер-политика, а тоа предизвикалокараница меѓу Павел Дедвед и Фабио Паратичи.

Постојат три главни кандидати за замена на Пирло, кој најверојатно на лето ќе остане без работа и според „Газета дело Спорт“ тоа се Зинедин Зидан, Синиша Михајловиќ и Масимилијано Алегри.

Зидан освојуваше многу трофеи со „кралевите“ и би можел да го преземе кормилото, но италијанските медиуми пишуваат дека фаворит за нов стратег на „Старата дама“ е Михајловиќ.