Кардиф упати соопштение: Предадени се сите докази за трансферот на Сала до ФИФА…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Кардиф и ги предаде на ФИФА доказите врзани за спорот со Нант околу исплатата на трансферот на Емилијано Сала, пренесуваат денес британските медиуми.

Нант се обрати на ФИФА поради спорот со Кардиф, кој одбива да плати 15 милиони фунти за трансферот на Сала. Аргентинецот на 19. јануари потпиша договор со Кардиф и стакна најскап играч на тој клуб, но два дена подоцна загина во авионска несреќа.

Од тогаш двата клуба се спорат околу исплатата на трансферот. Францускиот клуб бара пари, а велшкиот клуб тврди дека трансферот до крај не е завршен. ФИФА до 15. април даде рок на екипите да ги приложат доказите, а Кардиф соопшто дека го испочитувал рокот.

Кардиф тврди дека Премиер лигата го одбила договорот на Емилијано Сала и дека договорот бил поништуван, односно дека Аргентинецот не е пријавен како фудбалер на Премиер лигата.

Нант соопшти дека работел според правилата на ФИФА и укажа дека светската куќа на фудбалот го регистрирала трансферот на 29. јануари.